„Анонимните“ и објавија војна на ИД

Од:

Хакерската група „Анонимните“ и објавија кибер војна на екстремистичката групација Исламска држава во ексклузивно интервју, кое вчера го емитуваше телевизијата Франс 24.

Првата причина за отпочнување операција против ИД, како што појасни маскираниот претставник на хакерската организација преку видео линк, e на јавноста да и се посочи колку всушност e ургентна ситуацијата во Ирак, како и дека таа група не го претставува исламот.

– ИД поголемиот дел од активностите ги спроведува преку социјалните мрежи. Затоа одлучуивме да не ги нападнеме директно, туку да ја нападнеме нiвната идеологија и тоа со објективни и логички аргументи, појасни тој, додавајќи дека целта на „Анонимните“ е на јавноста да и укаже дека тоа се обични криминалци и лажговци, кои ја извитоперуваат својата вера.

– Ги наведовме исламските правила на однесување, кои не подразбираат напади на воени заробеници, ниту напади на министерства и потсетивме дека секој кој не го почитува тие правила треба да биде исклучен од заедницата, изјави претставникот на хакерската групација.

Тој исто така напомена оти „Анонимните“ сметаат дека САД „директно и индиректно придонеле за оваа криза“.

–  Планираме да нападнеме неколку земји, за кои се знае дека финансиски ја поддржуваат ИД, вклучувајќи ги Турција и Саудиска Арабија, рече тој и додаде дека хакерската група веќе ги потсетила тие земји дека доколку продолжат со поддршката ќе мора да ја уништат нивната виртуелна инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава

Разбиена исламистичка група во Австрија

Ирак: Исламската држава планира да изврши „голем“ терористички напад во Велика Британија