Анкети: Британските конзервативци со значителна предност пред лабуристите

Од:

Конзервативна партија, со 41 отсто доверба од граѓаните, останува водечка политичка сила во Велика Британија, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета пред изборите, закажани за 12 декември.

Според истражувањето на мислењето на јавноста, Лабуристите имаат поддршка од 30 отсто од гласачите, а на трето место се либералните демократи, за кои би гласале 15 проценти од гласачите. Кај конзервативците за забележано намалување на поддршката за еден процентен поен, додека кај лабуристите има зголемување од два процентни поени.

Анкетата ја спроведе групата Срвејшн (Survation.) на статистички примерок од 1.010 луѓе, во периодот од 20 до 23 ноември по телефонски пат.

На само три седмици пред предвремените парламентарни избори, двете главни политички партии ги претставуваат програмите и се обудуваат да ги убедат гласачите дека тие се вистинскиот избор.

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа го претстави својот изборен манифест, во кој вети дека пред Божик во Парламентот ќе го внесе договорот за излегување од ЕУ, потенцирајќи дека веќе нема да има одложување на Брегзит. Лидерот на опозициските лабуристи, Џереми Корбин ја претстави изборната програма претходната недела. И додека Корбин вети дека ќе ги зголеми даноците за богатите, Џонсон тврди дека даноците нема да растат.

– Да го спроведеме Брегзит и можеме срцата и главите да ги фокусираме на приоритетите на британскиот народ, истакна Џонсон.

Изборниот манифест на лабуристите се темели на платформата „даночи и троши“, додека програмата на Џонсон официјално се вика „Да го спроведеме Брегзит, да го ослободиме британскиот потенцијал“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он