Анкета: Пад на поддршката за ЦДУ на Меркел, најнизок за повеќе од една година

Од:

Поддршката за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел падна за три проценти поени за една недела, на најниско ниво во повеќе од една година, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Форса“, објавена денеска.

Според анкетата, германската Партија на зелените сега е само четири процентни поени зад ЦДУ.

Според агенцијата „Форса“, поддршката за ЦДУ и нејзината сестринска партија, Баварската христијанска социјална унија (ЦСУ) падна на 26 проценти.

Како што пренесуваат германските медиуми, во услови на зголемено незадоволство кај јавноста околу справувањето на Владата со кризата предизвикана од коронавирусот, конзервативниот сојуз се соочи со пад на поддршката од девет поени за еден месец, на ниво што не беше забележано од почетокот на март минатата година.

„Унијата е во слободен пад“, гласи насловот на интернет магазинот „Фокус онлајн“.

ЦДУ претрпе историски пораз во две сојузни покраини на почетокот на овој месец, соочувајќи се со критики од граѓаните во врска со бавната дистрибуција на вакцините против Ковид-19 и пролонгираните мерки за затворање на државата, како и скандалите околу купувањето маски за лице.

Поддршката за Партијата на зелените се зголеми за еден процентен поен на 22 проценти, додека левичарската Социјалдемократска партија на Германија (СПД) остана стабилна на 16 проценти. Поддршката за Партијата на слободните демократи (ФДП) порасна за два поена на 10 проценти, додека десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и левичарската Линке останаа на 10, односно 8 проценти.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија