Анкета на Ифоп: Блокот на Макрон би можел да освои меѓу 250 и 290 пратенички места

Од:

Центристичкиот политички блок на францускиот претседател Емануел Макрон би можел да освои меѓу 250 и 290 пратенички места на претстојните парламентарни избори, покажаа денеска резултатите од анкетата на францускиот институт Ифоп.

За апсолутно мнозинство потребно е блокот на Макрон да освои 289 пратенички места.

Анкетата на институтот Ифоп, исто така, покажа дека новоформираната левичарска алијанса предводена од Жан-Лук Меланшон се смета за втора најуспешна со 195 до 230 освоени места, повеќе од минатонеделната анкета, според која француската левица ќе победи меѓу 170 и 205 места.

Според резултатите од анкетата на Ифоп спроведена минатата недела, се предвидува блокот Макрон да биде победник со дури 275-310 пратенички места.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано