Анкета: Германците ја одобруваат одлуката за суспендирање на вакцината на „АстраЗенека“

Од:

Повеќето Германци веруваат дека одлуката на Владата за времено суспендирање на вакцината на „АстраЗенека“ е правилна, додека трае истрагата за случаи со сериозни несакани ефекти, покажуваат резултатите од социолошкото истражување на „Форса“.

Германија и уште над десет европски земји прекинаа со употреба на вакцината откако беа идентификувани седум случаи на згрутчување на крвта, од кои три лица починаа.

Анкетата спроведена по барање на РТЛ и НТВ покажува дека 54 отсто од испитаниците сметаат дека е правилна одлуката на германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Речиси 40 проценти сметаат дека реакцијата е претерана, а 39 проценти сметаат дека одлуката е погрешна.

Европската агенција за лекови соопшти дека ќе ги објави денеска резултатите од истрагата за случаите со згрутчување на крвта. Шефот на агенцијата Емер Кук увери дека придобивките од вакцината се поголеми од ризиците.

Подготвеноста на Германците да се имунизираат против коронавирусот се намали за два отсто, достигнувајќи 71 отсто во споредба со последната студија на „Форса“ од 3 март. Во најновото истражување учествувале 1.001 лице.

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени