Анкета: Чесите поддржуваат итни парламентарни избори

Од:

Самораспуштање на Парламентот и што побрзо распишување избори поддржуваaт 72 отсто од Чесите, се вели во резултати од анкетата на агенцијата „Медиан” направена за Чешкото радио (ЧРО).

Како што покажува истражувањето, за избори наесен се заинтересирани и 40 отсто од тие, кои на изборите во 2010 година не излегле да гласаат, јави дописникот на МИА од Прага.

Според аналитичарите, податоците најавуваат прегрупирања на гласачите во полза на левицата, бидејќи се претпоставува дека токму оние кои не учествуваа на изборите во 2010 се поддржувачи на левичарската опција.

На изборите пред три години, мнозинството гласови го добија левоориентираните Социјалдемократи (ЧССД), но поради немање апсолутно мнозинство во Долниот дом на Парламентот, Влада формираше централно-десничарската коалиција на Граѓанско демократската партија, ОДС и партијата ТОП 09. Анкетата на ЧРО најавува дека на евентуалните предвремени избори наесен би можеле да излезат рекорден број на луѓе.

Според агенцијата, парадоксално е што и покрај високиот интерес за распишување нови избори останува силната поддршка на чекорите кои ги презема претседателот Милош Земан по оставката на премиерот Нечас, заради вмешаност на неговата најблиска соработничка во корупциски скандал и незаконско следење на неговата поранешна сопруга.

Земан, премиерскиот мандат му го даде на Јиржи Руснок, кој пак иако формира техничка Влада по еден месец не ја доби поддршката во Парламентот, со што се отвори патот за самораспуштање на Собранието и распишување на вонредни избори.

Анкетите покажуваат дека Земан ја има поддршката на половина од анкетираните, од кои мнозинството се лица над 60-годишна возраст, со пониско образование од помали населени места и симпатизери на левицата. Доколку навистина се одржат предвремени избори за неколку месеци, 22 проценти нема да излезат да гласаат, а шест проценти се уште не одлучиле што ќе прават.

Седницата за самораспуштање на чешкиот Парламент е закажана за 16 август. Доколку дојде до тоа, Предлогот ќе биде упатен до претседателот на државата кој ќе ги распушти двата дома и ќе соопшти термина за вонредни избори, кои треба да се остварат до 60 дена од распуштањето.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски