Анкета: Британците „за“, Германците „против“ воздушни удари врз ИД во Ирак и Сирија

Од:

Мнозинство Британци поддржуваат воздушни напади врз припадници на Исламска држава во Ирак и Сирија додека две третини анкетирани во Германија се против нивната држава да земе учество во меѓународната воена операција против џихадистите. Тоа се резултати од анкета на рускиот сајт Спутник, пренесе Танјуг.

Анкетата на британската компанија за истражување на јавно мислење ИЦМ, покажува дека 65 отсто од Британците поддржуваат воздушни напади на меѓународната коалиција против ИД во Ирак и Сирија додека во Германија само 35 отсто испитаници даваат поддршка за таквата акција што ја предводат САД.

Во Франција 19 отсто не знаеле како да одговорат на тоа прашање што е најголем број неопределени во вкупниот број анкетирани во трите држави каде е спроведена анкетата.

Мнозинството Британци се изјасниле дека поддржуваат спроведување копнена воена операција против џихадистите од ИД, во Франција таа опција ја поддржуваат 41 отсто додека во Германија три четвртини биле против таква операција.

Анкетата покажува дека вкупно 60 отсто испитаници во тие три држави стравуваат дека учеството на нивна армија во меѓународните операции против ИД ќе предизвика зголемени закани на радикалните исламмисти во Европа.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски