„Анкара може да се повлече од НАТО за пет до шест месеци“: Турската патриотска партија започна кампања за повлекување од алијансата

Од:

Турција би можела да се повлече од НАТО за пет или шест месеци поради провокативни акции против Анкара, изјави заменик-претседателот на Турската патриотска партија, Етем Санџак.

Весникот „Ајдинлик“ го цитира Санџак дека актуелните настани ја наведуваат Турција на таков чекор.

Тој се осврна на неодамнешните анкети кои покажаа дека најмалку 80 отсто од турското население верува дека САД водат најразорна и најнепријателска политика кон таа република, пренесе ТАСС.

„Турскиот народ неодамна покажува симпатии кон Русија и рускиот претседател Владимир Путин“, додаде Санџак, бизнисмен кој важи за близок соработник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турската патриотска партија во четврток, 19 јануари, објави дека започнува кампања со која ги повикува властите во Анкара да го напуштат НАТО. Истата партија, која важи за „антиамериканска“, во неколку наврати ја повика Анкара да ги затвори американските воени бази на турска територија, да го откаже договорот за набавка на американски авиони Ф-16 и да се повлече од Алијансата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста