Англија: Нов 3Д скенер за пациенти со кардиоваскуларни болести

Од:

Националната здравствена служба на Англија најави воведување најнова, револуционерна технологија со 3Д скенер за дијагностицирање кардиоваскуларни болести.

Според весникот „Градијан“, новата технологија ќе ја забрза дијагностичката постапка за пет пати, што е многу важно за пациентите кои ќе бидат целосно дијагностицирани во рок од 20 минути.

Во извештајот се наведува дека во следните три години, повеќе од 100.000 луѓе ќе можат да поминат нова дијагностичка процедура, без употреба на инвазивни методи, како на пример ангиографија.

Воведувањето на нова 3Д дијагностичка технологија е дел од долгорочниот план на Националната здравствена служба на Англија за намалување на бројот на срцеви и мозочни удари во земјата за 150.000.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он