Англија: 11 жртви во вчерашната несреќа на аеромитинг

Од:

Британската полиција вели дека е можно бројот на жртвите од вчерашната несреќа на авион на аеромитинг во Јужна Англија да достигне 11 лица, пренесува ТАСС.

Воен авион „Хокер Хантер“ се урна вчера попладне на аеромитинг одржан на аеродрмот Шорхем, во близина на Брајтон, во јужниот дел на Велика Британија.

Авионот, што претходно изведувал лупинг, при падот погодил неколку автомобили на автопатот А27, што води на север од аеродромот.

Станува збор за воен авион Хокер Хантер, борбен авион едносед што се произведува во Велика Британија од 50-тите години на минатиот век.

Полициски извор изјави дека спасувачките екипи извлекуваат тела од местото на несреќата и е можно да порасне бројот на загинатите.

Пилотот е во болница во критична состојба.

Би можело да ве интересира

Милијардерите во сетот имаат повеќе пари од 60 отсто население на планетава

Ана Ололовска

US News & World Report: САД најмоќни во светот, Швајцарија најдобра држава

Ана Ололовска

Бројот на жртви во авионски несреќи во 2019 помал за половина

Ана Ололовска

Светот во 2019: Жените помогнаа за редефинирање на речиси се

Ана Ололовска

Хронологија на настани во светот во 2019 година

Ана Ололовска

Миграциите – древна култура на потрага по подобар живот

Ана Ололовска

Leave a Comment

two + 15 =