Анализа: Популацијата во Италија за 50 години ќе се намали за 11,5 милиони жители

Од:

Населението на Италија се очекува во наредните 50 години да се намали за 11,5 милиони, соопшти Националниот статистички институт со седиште во Рим.

Најновите демографски проекции на Институтот укажуваат дека на континуиран демографски пад, што ќе го намали населението од 59,2 милиони во јануари 2021 година на 57,9 милиони во 2030 година, на 54,2 во 2050 година и на 47,7 во 2070 година.

Односот на работноспособното население, на возраст од 15 до 64 години, споредбено со останатото, што сега е 3 наспроти 1, во 2050 година ќе се изедначи еден напроти еден.

За нередните десет години статистиката предвидува популацијата да се намали во девет од десет града, како и во девет од десет рурални средини.

Националниот институт за статистика уште предвидува опаѓање на наталитетот, со се помалку деца во семејствата. Предвидувањата се дека во Италија до 2041 година само едно од четири семејства ќе имаат деца.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски