Амнести интернешнл: Ромите во Чешка се уште се дискриминирани

Од:

Ромите во Чешка и понатамусе соочуваат со напади и притисоци за иселување од домовите каде живеат и Владата не успеа да ја спречи ниту сегрегацијата на ромските деца во училиштата, се наведува во годишниот извештај за човековите права на организацијата Амнести интернешнл (АИ).

Како што јави дописникот на МИА од Прага, во извештајот се предупредува и на тешката позиција, која во Чешка ја имаат барателите на азил.

– Заплашувањето и насилничките напади против Ромите продолжија. Европскиот центар за правата на Ромите забележа подменати пожари во ромски домаќинства, анти-ромски собири и други напади, се вели во делот посветен на Чешка.

Според невладините организации и експерти за човекови права, Владата не успеала да донесе и целосно да спроведе мерки кои би спречиле сегрегација на ромските деца во училиштата.

Советот за човекови права на ОН, во октомври минатата година во рамки на оценувањето на Чешка ја повика земјата да ја отстрани сегрегацијата на ромските ученици.

Комитетот на министри на Советот на Европа, во декември забележа дека во Чешка има многумала промена во отстранувањето на причините за дискриминација на ромски ученици, иако беше оценета заложбата на Владата во таа насока.

Извештајот на АИ се занимава и со проблемот со закани за отселување на Ромите, наведувајќи ја како пример ромската населба „Преднадражи“ блиску Острава, каде минатата година имаше закани за принудно селење на повеќе од 300 семејства.

Невладините организации ја критикуваат Чешка и поради продолжување на праксата на притворање на барателите на азил во земјата.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски