Состојбата со човековите права во САД дополнително се влоши во 2020 година, бидејќи пандемијата на Ковид-19 и постапките на Доналд Трамп ги влошија постојните проблеми, додека движењето „Животите на црнците се важни“ (БЛМ) насочено против полициската бруталност разоткри раширен расизам, се посочува во новиот извештај на Амнести интернешнл за глобалните човекови права.
Извештајот потенцираше 15 области за загриженост во САД, вклучително и нелегалното убивање на цивили, правата на ЛГБТК населението и правото на мирни собири.
– Нашата историја е изградена врз основа на Законот за права и Првиот амандман, кој гарантира право на мирно собирање, слобода на говор и слобода на изразување, рече Џоен Лин, директорка на Амнести за САД. – Но, како што видовме во нашата земја, овие права можат да бидат изложени на голема опасност и честопати се под страшен напад, особено во време на криза, додаде таа.
Во извештајот се вели дека компликациите се должат на пандемијата на коронавирусот, која доведе до „локадаун“ и откази на вработени во целата земја, како и „несоодветниот и нееднаков одговор на владата“, кој имал непропорционално и дискриминаторско влијание врз многу луѓе врз основа на нивните раса и социоекономска состојба. како и други карактеристики.
Извештајот се однесува на 2020 година, последната година во која Доналд Трамп беше на власт и во него се вели дека „неговата администрација ја влоши состојбата со човековите права, и дома и во странство“.
Амнести тврди дека најмалку 1.000 лица биле убиени од полициско огнено оружје и дека достапните податоци покажуваат дека Афроамериканците биле диспропорционално убиени во тие случаи.
Понатаму, безбедносните сили „ги кршеа човековите права на оние кои протестираа против незаконските убиства на Афроамериканците и повикуваа на реформа на полицијата“. АИ документираше 125 одделни случаи на незаконска полициска акција против демонстранти во 40 држави во периодот од 26 мај до 5 јуни, се вели во извештајот.
Членовите на ЛГБТК заедницата, исто така, се соочија со проблеми во САД, според податоците од минатата година.
„Злосторствата од омраза засновани на сексуална ориентација или идентитет во 2019 година останаа на врвот на листата на проблеми.Целите на злосторствата од омраза беа особено обоените трансродови лица“, се вели во извештајот, додека администрацијата на Трамп „го користела судството за да ги заштити повредите на правата во однос на сексуалната ориентација и родовиот идентитет во образованието, војската, вработувањето и другите сектори на федералната влада“ се тврди во извештајот на Амнести Интернешнл.