Американско беспилотно летало го уби лидерот на Ал Шабаб

Од:

Американското Министерство за одбрана потврди дека е убиен лидерот на милитантната исламистичка група Ал Шабаб, Адан Герар.

Во соопштението на Пентагон се вели дека тој бил убиен во текот на нападот извршен во петокот, блиску до градот Динсор во Јужна Сомалија, околу 240 километри одалечен од главниот град Могадишу.

Нападот и убиството врз позицииите на Ал Шабаб, биле извршено со беспилотно летало, вооружено со ракетите „Хелфајар“.

Герар беше еден од главните осомничени за терористичкиот напад врз трговскиот центар „Вест Гејт“ во кенискиот главен град Најроби, во кој беа убиени 67 лица.

Во Пентагон се верува дека тој раководел со операциите на оваа милитантна група, која е дел од терористичката мрежа на Ал Каеда за напади врз американските и западните интереси.

САД ја поддржуваат мисијата на вооружените сили на земјите членки на Африканската Унија (АУ) во Сомалија, која од 2011 година успеа да ги потисне исламистичките терористи од сите поголеми и поважни градски центри во земјата, од која тие планираа да направат прва исламистичка држава во Африка.

Безбедносни експерти во САД проценуваат дека убиството на Адан Герар претставува „значителен удар“ врз оваа терористичка група.

Неколку часови пред да биде објавено соопштенето на Пентагон со кое се потврдува неговото убиство, припадници на Ал Шабаб нападнаа и убија четири лица во североисточна Кенија, што е дел од нивната кампања за „казнување“ на оваа земја за нејзината значајна улога во силите на АУ во Сомалија.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас