Американските Поморски сили спроведоа операција во Јужнокинеското Море

Од:

САД ја спроведоа првата своја вежба во спорните води на Јужнокинеското Море во времето на мандатот на Доналд Трамп, што најверојатно ќе предизвика нови негативни реакции на Кина, јавува ДПА.

Според американски официјални лица, ескадрилниот носач на мини „Дјуи” минал на само 12 морски милји од гребенот Мисчиф, којшто е дел од архипелагот Спратли, над чијшто суверенитет Пекинг тврди дека полага право.

– Морнарицата на САД дејствува секојдневно во азиско-тихооеканскиот регион, вклучително и во Јужнокинеското Море. Делуваме во согласност со меѓународното право. Прелетуваме, пловиме и дејствуваме насекаде каде што меѓународното право тоа го дозволува, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.

Такви патролни мисии на американската Морнарица, познати под називот „Операции за гарантирање на слободата на пловење” беа рутина во времето на Обама, но ова е прва ваква операција на Администрацијата на Трамп.

Би можело да ве интересира

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени