Американскиот Сенат поддржа продажба на ракети на Саудиска Арабија

Од:

Американскиот Сенат синоќа ја отфрли резолуцијата со која се забранува продажба на 280 напредни ракети со среден дострел на Саудиска Арабија во вредност од 650 милиони долари.

Резолуцијата, претставена од републиканците Ренд Пол и Мајк Ли и демократот Берни Сандерс, беше отфрлена од 67, а прифатена од 30 сенатори.

Иако некои пратеници гледаат на Саудиска Арабија како на важен партнер од Блискиот Исток, членовите на Конгресот го критикуваа авторитарното кралство за дејствување во војната во Јемен, конфликт кој се смета за една од најголемите хуманитарни катастрофи во светот.

– Извозот на дополнителни проектили во Саудиска Арабија само ќе го продолжи овој конфликт и ќе додаде масло на огнот, рече Сандерс во говорот во кој повика на поддршка за резолуцијата.

САД на Саудиска Арабија ќе и продадат 280 ракети воздух-воздух произведени од Raytheon Technologies. Владата на американскиот претседател Џо Бајден претходно вчера објави дека силно се противи на резолуцијата.

Усвојувањето на резолуцијата „ќе ја поткопа посветеноста на претседателот да помогне во одбраната на нашиот партнер во време на зголемени напади со беспилотни летала и ракети врз цивили во Саудиска Арабија“, беше наведено во соопштението на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски