Американскиот Сенат го одобри буџетот за одбрана за 2022 година што ќе изнесува 768 милијарди долари

Од:

Американскиот Сенат го одобри нацрт-буџетот за одбрана на земјата за 2022 година, по што овој многу битен дикумент ќе му биде испратен на потпис на претседателот Џо Бајден.

„Документот беше поддржан од мнозинството сенатори“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на американскиот Законодавен дом.

Со тоа финансискиот проект беше поддржан од двата дома на американскиот Конгрес, по што ќе следи и потписот на претседателот.

Буџетот за одбрана на САД за 2022 година изнесува 768 милијарди долари. Меѓу другото, тој содржи средства во висона од четири милијарди долари за програмата „Европската иницијатива за одвраќање“, што е наменета против Русија.

Со буџетот се предводува и доделување 300 милиони долари воена помош за Украина, а уште 150 милиони долари ќе бидат потрошени за „безбедносна соработка со балтичките држави“.

Би можело да ве интересира

Трамп освои 301 електорски глас, се очекува да победи и во Невада

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

САД: Републиканците го блокираат договорот за нацрт-законот кој вклучува помош за Украина и Израел

Јелен: Застрашувачки е големиот надворешен долг на САД

Трговскиот дефицит на САД во септември се искачи на 61,5 милијарди долари