Американскиот Сенат го одобри Буџетот за одбрана

Од:

Сенатот на САД го одобри буџетот за одбрана во вредност од 716 милијарди долари.

На овој начин, Горниот дом на Конгресот го поддржа повикот на Трамп за посилна армија, но создаде и можност за несогласување со Белата куќа околу кинеската телекомуникациска фирма Зет Ти И (ZTE Corp).

Сенатот на САД го одобри предлог-законот за годишниот буџет за одбрана со 85 гласа „за“ и 10 „против“.

Овој закон се користи и за придвижување на голем број политички прашања, но и за донесување прописи во многу сектори. Пред да стапи во сила, законот ќе треба да биде усогласен со верзијата која веќе е усвоена во Претставничкиот дом. Компромисната верзија ќе мора да помине во двата дома, и на крајот законот треба да го потпише претседателот Трамп.

Законот за расходи за одбрана вклучува 639 милијарди долари расходи за купување оружје, бродови и авиони, и за плати на војниците. Вкупно 69 милијарди долари се наменети за финансирање на воени мисии.

Годинава Сенатот во законот вклучи измена со која се укинува договорот кој го склучи администрацијата на Трамп и со кој на кинеската компанија Зет Ти И и се дозволува да ја обнови работата со добавувачи од САД. Тоа е еден од ретките случаи кога Горниот дом на Конгресот, во кој мнозинство има Републиканската партија, отстапува од политиката на Белата куќа.

Оваа измена не е вклучена во верзијата на Претставничкиот дом и може да ја нема во крајниот текст на законот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија