Американскиот Конгрес усвои закон за испраќање луѓе на Марс до 2030 година

Од:

Првпат после шест години, двата дома на Американскиот конгрес усвоија закон со кој се одобруваат средства за НАСА и и се даваат нови мандати на вселенската агенција. исто така, се бара од НАСА да направи план за испраќање луѓе во близина или на површината на Марс до 2030 година.

Изработката на законот траеше неколку месеци, а агенцијата сега располага со 19,5 милијарди долари. Во 2016 година НАСА доби 19,3 милијарди долари, или 0,5 отсто од вкупниот сојузен буџет.

Со законот се повикува НАСА да продолжи да ја развива програмата „Space Launch System“ и вселенската капсула Орион за да може да се отпатува на Марс.

Доналд Трамп во својот инаугурациски говор изрази поддршка за истражувањата на Марс и истакна дека е подготвен за „отклучување“ на вселената.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ