Американскиот амбасадор во Белгија вмешан во секс скандал

Од:

Американскиот амбасадор во Белгија Хауард Гутман користел услуги од проститутки и посегнувал по малолетни девојки во секс игри, објавија белгиските медиуми, повикувајќи се на весникот „Њујорк пост“ и телевизијата Си-Би-Ес.

Податоците во сумирана форма ги објави и портпаролот на Стејт департментот Џенифер Псаки, како утврдени прекршоци во службата за безбедност на американската дипломатија, но без да посочи имиња. Гутман испратил порака, во која ги отфрла обвиненијата, истакнувајќи дека тие имаат за цел да ги оцрнат четирите години од неговата служба во Брисел.

Американскиот амбасадор објаснува дека неговата резиденција во белгискиот главен град е во близина на парк, поради што секојдневно минува низ регионот. Ова појаснување на Гулдман се однесува на тврдењата на американските медиуми дека тој често се оддалечувал од своите телохранители и користел услуги на проститутки во парковите.

Белгиските медиуми наведуваат дека Гутман не е отповикан, како и дека неговиот имунитет не овозможува поведување истрага од властите во Брисел.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он