Американскиот амбасадор Кристофер Стивенс е убиен во Либија

Од:

Американскиот амбасадор и уште три члена од персоналот на американската амбасада во Либија се убиени од вооружени исламистички трупи, кои отовориле оган на козулатот на САД во либискиот град Бенгази.
Досега само новинаската агенција Ројтерс ја потврди веста за загинувањето на Стивенс.

Ројтерс потврди дека во разговор со либиските официјални власти ја добиле информацијата дека амбасадорот е убиен. Иако деталите за убиството не се познати, се шпекулира дека амбасадорт бил нападнат или додека се обидувал да избега со своето возило или во директен напад на конзулатот.

Она што е потврдено е дека амбасадорот и тројца вработени во амбасадата погинале кога вооружени трупи отвориле ракетен оган кон нив.

Ова е втор напад на американска амбасада во текот на денот, откако утро во беше на атак амбасадата во Каиро. За среќа, таму никој не беше повреден и инцидентот заврши со симнување на американското знаме, кое подоцна беше искинато и запалено од радикалните исламисти.

Насилството беше осудено, и од државната секретарка Хилари Клинтон, која можеше само да ја потврди смрта на официјално лице од стејт департментот, но не да зборува и во детали.

“ Навистина сме тажни поради оваа вест. Ова е ужасна загуба на американската дипломатија“ – изјави Клинтон

Иако во така наречената „арапска пролет“ американските седишта и официјални лица не беа цели на напад, се претпоставува дека ова е потикнато од филмот кој беше поставен на социјалната мрежа Youtube наречен The Innocence of Muslims” а во кое остро се напаѓа „хипокризијата“ на исламските движења. Бунтовниците сметаат дека филмот кој директно го напаѓа исламот е дело на американските власти.

За смрта на американскиот амбасадор известува и телевизиската мрежа CNN која потврдата за убиството на амбасадорот ја добила од градежни работници сведоци на нападот на амбасадата.

Според нивните сведочења убиен е амбасадорот и тројца членови на обезбедувањето.

Нападот го осуди и либискиот заменик премиер Мустафа Абушагур, кој ја потврдил исто така веста за убивањето на амбасадорот и изразил големо жалење, бидејќи Стивенс го сметал за голем пријател на либискиот народ.

„Го осудувам нападот, го оценувам како варварски чин во најлош можен смисол. Ова е напад на Америка, Либија но и на слободниот свет насекаде“ – напишал Абушагур на твитер.

Стивенс беше преставник на американската држава во бунтовничките движења кои минатата година го симнаа Моамер Гадафи од власт. Тој беше и првиот амбасадор испратен во Либија 2007-та откако америка воспостави врски со режимот на Гадафи.

Неговото убиство е незапаметен чин во меѓународната дипломатија. Последен пат американски амбасадор бил убиен во 1979 година, кога авганистанските бунтовници го киднапираа а подоцна и ликвидираа Адолф Дубс.

Објавена фотографија од мртвото тело на амбасадорот Стивенс

Американските медиуми објавија слика од мртвото тело на американскиот амбасадор Кристофер Стивенс.

На фотографијата се гледа како бунтовник го влече мртвото тело на Стивенс. Според последните информации амбасадорот умрле од задушување, откако демонстрантите го нападнале автомобилот во кој се наоѓал. Во нападот се убиени уште тројца вработени, најверојатно членови на обезбедувањето и Стивенс, а повредени уште 18 американски државјани.

Нападот во Бенгази го извеле локалните бунтовници Салафисти, чие влијание значително пораснало после падот на Моамер Гадафи, пред се бидејќи значајно ги наоружувале држави како Катар и Саудијска Арабија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија