Американски санкции за двајца осомничени помагачи на Хезболах

Од:

САД вчера им воведоа санкции на истакнат либански колекционер со уметнички дела и негов соработник заради сомнение дека наводно префрлале десетици милиони долари на сметки на проиранското движење Хезболах, преку шеми за перење пари, јави ДПА.

Американското Министерството за финансии двајцата осомничени ги идентификува како Насем Ахмад, од Либан, и Салех Аси, неговиот соработник од Демократска Република Конго, појаснува германската агенција.

Ахмад се опишува како еден од најголемите донатори на Хезболах и за него се знае дека поседува уметничка колекција вредна десетици милиони долари, во која има дела на Пабло Пикасо и Енди Ворхол. Аси се обвинува за перење пари преку бизнисите на Ахмад со дијаманти.

Санкциите, исто така, ќе имаат ефекти и врз 17 поврзани субјекти.

-Хезболах продолжува да користи навидум легитимни бизниси како покритие за компаниите за собирање и перење на средства во земји како Демократска Република Конго, каде митото и политичките врски можат да се користат за обезбедување неправеден пристап до пазарот и да се избегнат плаќања даноци, изјави секретарот за финансии Стивен Мнучин.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Ахмад и Аси со години ги прикривале своите приходи од либанската Влада преку перење пари, трговија со дијаманти и затајување данок.

-САД силно ги поддржуваат барањата на либанскиот народ за реформа и ставање крај на корупцијата, рече Помпео пренесен од ДПА.

Санкциите се воведуваат во време кога либанскиот народ бара реформи и ставање крај на корупцијата. Земјата е опфатена со улични протести од средината на октомври.

Со санкциите се замрзнува целиот имот што двајцата осомничени го имаат во САД и, генерално, им се забрануваат сите зделки со луѓе во САД, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел