Американски пилоти во пијана состојба сакале да пилотираат од Глазгов до Њујорк

Од:

Двајца пилоти на американската компанија „Јунајтед ерлајнс“ се уапсени во Глазгов, затоа што сакале во пијана состојба да управуваат со авионот на неговата редовна линија од овој шкотски град до Њујорк.

Пилотите на возраст од 35 и 45 години, биле уапсени во пилотската кабина додека се подготвувале за летот.

Авионот имал 141 патник и десетина членови на екипажот.

Летот на „Јунајтед ерлајнс“ бил запрен, па авионот наместо да полета претпладнето за САД летнал дури вечерта, откако компанијата обезбедила двајца други и трезни пилоти.

Според шкотските закони, како кривично дело се смета управување со превозно средство во јавниот сообраќај во алкохолизирана состојба.

Авионската компанија соопшти дека двајцата пилоти се суспендирани од работа и против нив е отворена истрага за инцидентот.

Ова не е прв случај со пијани пилоти на глазговскиот аеродром.

Минтиот месец, беа уапсени двајца канадски пилоти и изведени пред судење, затоа што се фатени пијани како се подготвуваат да полетаат за Канада. Авионот со кој требало да го управуваат имало 345 патници и деветмина членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици