Американски милијардер е новиот спонзор на наградата Букер

Од:

Во наредниот период од пет години наградата Букер ќе биде спонзорирана од Фондацијата „Кранкстарт“, основана од Мајкл Мориц и Хариет Хејман, брачна двојка и инвеститори од Силиконската долина, објави „Блумберг“.

Букер (Ман Букер награда) е една од најпрестижните награди во областа на литературата во светот.

Според договорот за спознорство, „Кранкстарт“ ќе ја финансира меѓународната награда Букер за најдобар роман на англиски јазик издаден во Велика Британија и Ирска. Висината на наградата е 55 илјади фунти (66 илјади долари).

Фондацијата, исто така, ќе ја поддржи меѓународната награда за најдобро преведено книжевно дело.

Досегашниот спонзор, хеџ-фондот „Ман Груп ПЛЦ“, кој 18 години ја финансираше Букер, неодамна објави дека ја прекинува соработката. Причина за тоа е изјавата на британскиот писател Себастијан Фолкс кој ја нарече „Ман Груп“ „непријател“ бидејќи раководителите на компанијата „не припаѓаат во таа група на луѓе кои треба да помагаат литературна награда“.

Мориц е британски инвеститор и според „Форбс“ се наоѓа на 232 место на листата на најбогати луѓе во САД. Според изданието, тој поседува имот во износ од 3,4 милијарди долари. Неговата сопруга Хариет Хејман е писателка и поранешна новинарка во „Њујорк Тајмс“.

Фондацијата „Кранкстарт“ е основана во 2000 година и нејзината основна мисија е поддршка за студентите од семејства со мали плати. Фондацијата е исто така спознор на Американскиот сојуз за граѓански слободи.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Англија ја совлада Ирска

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски