Американски медиуми: Бајден ќе најави рекордно ослободување американски нафтени резерви

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден планира да објави потенцијално рекордно ослободување нафта од американските стратешки залихи за да се спротивстави на зголемените цени по руската инвазија врз Украина, објавија американските медиуми.

Во извештаите се вели дека Бајден може да објави декаа се ослободуваат до еден милион барели нафта дневно во период до шест месеци – што би било убедливо најголемото и најодржливото искористување на залихите досега.

Прес-службата на Белата куќа одби да ги коментира извештаите во Блумберг, Њујорк Тајмс и други публикации. Бајден треба да објави доцна попладнево за таа мерка.

Цените на нафтата драстично паднаа по извештаите, кои дојдоа откако групата извозници на нафта ОПЕК + одлучи само скромно да го зголеми производството и покрај скокот на цените на суровата нафта по воената офанзива на Русија.

Дневното ослободување од еден милион барели дневно со месеци ефективно би ги зајакнало светските резерви на нафта за околу еден процент.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Нови цени на горивата