Четири американски авиони ловци Ф-22 прелетаа над Јужна Кореја денеска како демонстрација на сила кон Северна Кореја по неодамнешното истрелување ракети од Пјонгјанг и пред почетокот на заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја следниот месец.
Летот на модерните воени авиони, кои се невидливи за радарите, а кои се базирани во Окинава, е последното користење на најмодерна стратешка воена технологија од САД во Јужна Кореја, откако Северна Кореја минатиот месец ја изврши четвртата нуклеарна проба.
Пјонгјанг тврди дека тоа не било нуклеарна проба, туку лансирање на сателит во вселената.