Американски хеликоптер се урна во Авганистан

Од:

Претставник на НАТО соопшти дека американски хеликоптер се урна во јужниот дел на Авганистан при што еден војник загина, а еден е повреден.

Капетан Лука Карниел истакна дека во реонот немало непријателски активности и оти причините за несреќата се уште се истражуваат.

Хеликоптерот се урна во Даман, неколку километри западно од градот Кандахар.

Тоа е второ уривање на хеликоптер во Јужен Авганистан за една недела. Во понеделникот во хеликоптерска несреќа во близина на Кандахар загинаа петмина американски војници.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан