Американски генерал: Не е веројатно дека Украинците ќе победат годинава

Од:

Началникот на Здружениот штаб на американските вооружени сили Марк Мили изјави во интервју за Defense One дека Украина најверојатно нема да ги протера сите руски сили од својата територија оваа година. Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано повторува дека целта на Украина е целосно да ја ослободи територијата.

„Зеленски многупати јавно изјави дека целта на Украина е да ги протера сите Руси од Украина. И тоа е значајна воена задача. Многу, многу тешка воена задача. Гледате неколку стотици илјади Руси кои се уште се во Украина под руска окупација”, рече Мили, пренесува Киев Индипендент.

И покрај тоа што ниту Украина ниту Русија не покажаа знаци дека сакаат да преговараат, Мили изјави за Фајненшл Тајмс на 16 февруари дека војната најверојатно ќе заврши на преговарачката маса. Не беше првпат Мили да рече дека војната ќе заврши со преговори.

Во ноември 2022 година, тој го навлече гневот на украинските власти кога рече дека Украинците треба да ги искористат руските загуби за да преговараат за мировно решение. Тој подоцна ги појасни своите изјави, додавајќи дека „на Украина е да одлучи како, кога и дали ќе преговара со Русите“.

„Не велам дека тоа не може да се направи. Само велам дека тоа е многу тешка задача“, истакна Мили, зборувајќи за шансите на Украина да победи.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли