Американски брод погоден со проектил во Црвеното Море

Од:

Британската Агенција за поморски трговски операции (УКМТО) извести за нов сериозен инцидент во Црвеното Море. Како што наведоа, бродот бил погоден со проектил од воздух недалеку од јужниот пристанишен град Аден во Јемен.

Американската морнарица потврди дека проектилите биле истрелани од јеменските Хути, а бродот е идентификуван како сопственост на САД.

Британската компанија за поморска безбедност „Амбри“ соопшти дека бродот што бил погоден со проектил во близина на јужниот брег на Јемен бил товарен брод во сопственост на САД.

Амбри известува дека избувнал пожар на бродот кој превезувал товар во сопственост на САД, кој пловел под знамето на Маршалските Острови, но дека сè уште е способен да продолжи со пловењето и дека нема повредени.

Се проценува дека бродот не е поврзан со Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили