Американски бомбардери Б-52 патролираат крај „спорните“ кинески острови

Од:

Два американски бомбардери од типот Б-52 пролетале сосема близу до „спорната“ зона во Јужното Кинеско Море, крај вештачки направени острови на морските гребени во Спартли Архипелагот и покрај предупредувањата од кинеската земска контрола, потврди Министерството за одбрана на САД.

Авионите долетеле од островот Гуам, а по извршеното патролирање се вратиле во воената база на овој пацифички остров под американска управа.

Инцидентот се случи на само неколку дена пред Самитот на АПЕК во Манила, на кој ќе присуствуваат и американскиот претседател Барак Обама и кинескиот Си Џинпинг.

Официјален Пекинг води територијален спор со неколку негови соседи околу суверенитетот во Јужното Кинеско Море.

Кина претендира на целата област која е богата со природни ресурски, пред се нафта и гас, тврдејќи дека станува збор за нејзнини територијални води, на што се спротивставуваат сите соседи, како и САД, особено затоа што на некои од морските гребени Пекинг забрзано гради разни објекти.

Американскиот Пентагон најави дека има план со кој ќе се настојува да се деомонстрира слободата на навигациските принципи на отворено море.

Во соопштението од Вашингтон се вели дека бомбардерите Б-52 сепак, не навлегле во спорната зона, туку само поминале „непосредно покрај неа“.

Минатиот месец, Американците испратија еден воен брод кој птаролираше на 12 милји крај зоната, што педизвикува бранување во реонот на Јужното Кинеско Море.

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД