Американската војска започна депортација на мигранти, два авиони ги превезуваат првите групи во Гватемала

Од:

Американската војска почна да депортира илегални мигранти од САД користејќи транспортни авиони кои превезуваа група од 80 мигранти во Гватемала.

Американското Министерство за одбрана, заедно со американската служба за имиграција и царина (ICE), депортираа 80 илегални мигранти во Гватемала. Транспортот беше извршен од воениот аеродром Бигс со транспортен авион C-17 Globemaster.

Прес секретарот на Белата куќа, Каролина Левит, сподели на мрежата Х дека борбите за депортација започнаа и дека претседателот Трамп „испраќа силна и јасна порака до целиот свет: ако нелегално влезете во Соединетите Американски Држави, ќе се соочите со тешки последици. ”
Американската војска почна и со операции на границата со Мексико со употреба на 1.500 војници, од кои 1.000 би требало да бидат од копнените сили, додека ќе им се придружат сили од 500 маринци.

Би можело да ве интересира

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии