Американската војска достави помош на границата со Венецуела

Од:

Американската војска достави повеќе тони хуманитарна помош во колумбискиот град Кукута на границата со Венецуела.

Помошта би требало да ја дистрибуираат приврзаниците на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кого САД го признаа за привремен претседател на Венецуела. Помошта од 180 тони опфаќа храна, средства за хигиена и други производи наменети за повеќе од 25.000 луѓе.

– Ова не е прва, ниту последна помош, изјави претставникот на УСАИД, Марк Грин во Кукута за време на доставувањето на помошта во пограничниот град, кој е преполн со мигранти од Венецуела.

Претходните испораки на помош се доставени со комерцијални летови.

Николас Мадуро ја одбива американската помош и со поддршка на војската го спречува нејзиното доставување во Венецуела.

Би можело да ве интересира

Мадуро: На северозападот од Венцуела уапсен шпион на ЦИА

Могерини: Неприфатлива е воена интервенција во Венецуела

Захарова: САД распоредуваат специјални сили во близина на границата на Венецуела

Трамп најави можност за испраќање војници во Венецуела, Каракас осудува

Кристијан Ландов