Американската воена база во Ирак нападната со дронови

Од:

Три вооружени беспилотни летала се соборени денеска над аеродромот Ербил во северен Ирак, каде се стационирани американски и други меѓународни сили, соопшти антитерористичката служба на Ирачки Курдистан, истакнувајќи дека станува збор за два одвоени напади.

Во моментов не е јасно кој е одговорен за нападите, последниот во серијата напади врз американските трупи во Ирак и Сирија додека се зголемуваат тензиите на Блискиот Исток поради војната меѓу Израел и Хамас. Одбранбениот систем во воената база во близина на аеродромот успешно се одбрани од беспилотните летала, се вели во соопштението. Нема жртви или оштетувања на инфраструктурата, изјави претставник на американското Министерство за одбрана.

Ирачкиот премиер Мохамед Ал Судани вети дека ќе ги пронајде одговорните за неодамнешните напади на три воени бази во Ирак во кои се сместени советниците на меѓународната коалиција, вклучително и Аин ал Асад во западен Ирак, воената база во близина на меѓународниот аеродром во Багдад и Харир во Ербил.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија