Американската Влада воведува експресна процедура за депортација на мигрантите

Од:

Американската Влада донела одлука со која експресно го забрзува процесот на депортација на емигрантите без потребни документи и на тој начин ќе ги заобиколува судовите.

Според новиот правилник, секој емигрант кој не ќе може да докаже дека се наоѓа на тлото на САД континуирано најмалку две години, ќе може веднаш да биде депортиран. Уредбата денеска треба да стане официјална.

Американскиот Сојуз за граѓански слободи најави дека ќе ја оспори оваа уредба пред суд.

Во досегашната пракса, на моментална депортација беа подложни само емигрантите фатени на територија до 160 милји од границата, кои на американско тло минале помалку од две недели. Мигрантите кои биле приведувани во другите делови на САД мораа да се изведат пред суд и имаа право на адвокат.

Според новиот правилник, емигрантите ќе можат да бидат депортирани без заминување пред суд во било кој дел од САД.

Според мислењето на политичките аналитичари, претседателот Доналд Трамп планира построгиот пристап за решавање на емигрантскиот проблем да го прикаже како еден од темелите на својата капмања за реизбор во Белата куќа во 2020 година, пишува Индекс.хр.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски