Американската армија под напад: Иран презентираше податоци за бројот на загинати

Од:

Портпаролот на Централниот штаб на иранската армија, „Хатам ал-Анбија“, тврди дека повеќе од 200 американски војници се убиени или повредени во иранските напади.

Портпаролот денес изјави дека тешките ирански напади врз американските бази низ регионот во текот на изминатите 24 часа им нанеле голем удар на американските војници и команданти, објави иранската новинска агенција Тасним.

Портпаролот изјави дека 21 американски војник се убиени, а многумина се повредени во американската Петта флота во регионот, додека околу 200 американски војници се убиени или ранети во воздухопловната база Ал Дафра во близина на Абу Даби.

Централниот штаб на Хатам ал-Анбија е оддел на Генералштабот на иранските вооружени сили кој е одговорен за планирање и организирање операции во кои учествуваат различни ирански воени единици.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Ирански хакери провалија во е-поштата на шефот на ФБИ, објавија негови приватни фотографии

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Арагчи: „Децата беа ладнокрвно убиени“

Горан Наумовски

Иранска одмазда: Нападнати се американски воени бази и израелско пристаниште