Американската армија дозволи послободен изглед на војниците: за жените кармин, за мажите лак за нокти

Од:

Американските војници ќе можат да носат додатоци кои ќе го направат нивниот изглед помалку едноличен, а изменетите правила за униформираните војници дозволуваат жените да носат кармин, а мажите – лак за нокти, но само безбоен.

„Еднаквост, инклузијата и различноста се многу важни за подготвеноста на војската, затоа што имаме војници од различни сфери на животот. И тие треба да бидат застапени, а со тоа политиката на војската мора да промовира еднаквост и инклузија,“ изјави генералот Гери Брито.

Новите правила ќе стапат во сила идниот месец, а најголемите измени се однесуваат на жените. Ним отсега ќе им биде дозволено да носат коса пократка од четвртина инч (6,4 милиметри), колку што досега изнесуваше пропишаната минимална должина. Тие исто така ќе можат да ја носат косата и во „коњски опаш“, наместо досега задолжителната пунџа.

Дозволени се и обетки, лак за нокти и кармин, жените ќе можат да извлекуваат прамени од косата, а ќе можат да носат и различни варијанти и комбинации на фризури, како плетенки врзани во пунџа.

Лакот за нокти е дозволен и за мажите, но само безбојната варијанта, „за да се заштитат од опасни хемикалии“.

Новите правила се откриени само еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден ја укина претходната одлука на Доналд Трамп за забрана примање на трансродови лица во армијата.

Би можело да ве интересира

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел