Американската амбасадорка во ОН вели дека не е можно Русија да се исфрли од СБ на ОН

Од:

Постојаната претставничка на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд изјави дека не е можно да се исфрли Русија од Советот за безбедност на ОН, но оти западните земји ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја изолираат Москва.

– Советот за безбедност е создаден како производ на создавањето на ОН по Втората светска војна. Тие (Русија) се членка на Советот за безбедност. Тоа е факт. Не можеме да го промениме тој факт, но секако можеме да ги изолираме во Советот за безбедност. Можеме да го направиме нивното присуство во тоа тело многу непријатно, изјави таа за Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Томас-Гринфилд потврди дека Вашингтон и сојузниците работат на исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција