Во Либан пристигна американска воена помош за повеќе од 25 милиони долари, која се состои од тешка артилерија за либанската армија која се бори со џихадистички групи.
– Се бориме против истиот непријател, затоа поддршката од нас е брза и трајна, истакна американскиот амбасадор во Бејрут, Дејвид Хејл на предавањето на оружјето.
Тој додаде дека Либан е петтиот најголем корисник на воена помош од САД. Либан во 2014 година добил воена помош во висина од над 100 милиони долари.
Либанските власти предупредуваат дека учесниците во сириската војна, кои се борат на страната на радикалните исламистички групи планираат да ја преземат и територијата на Либан,
– Франција ќе почне да доставува оружје и воена техника за Либан од април, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Ромен Надал по средбата на шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус со премиерот на Либан, Тамам Салам во Минхен.
Претходно, француските власти соопштија дека Франција ќе достави оружје, финансирано од Саудиска Арабија, за модернизација на вооружените сили на Либан. Хеликоптерите, оклопните возила, тешката артилерија, средства за набљудување и беспилотни летала ќе бидат доставени во рок од три години.