64 годишната Џуди се онесвестила на столчето кај стоматологот Рашми Пател во Конектикат, кој одеднаш и извадил 20 заби! Двајцата асистенти на докторот признале пред истрагата дека го алармирале стоматологот да престане со процедурата откако забележале дека виталните функции на возрасната жена опаѓаат.
Тој наводно го одбил предлогот од асистентите да престане со зафатот и да повикаат брза помош, а не ја послушал ни пациентката која во еден момент кусо се разбудила и го замолила да престане со вадењето на забите.
Државната стоматолошка комисија му ја суспендирала дозволата за работа која по судењето на 18 јуни може да ја загуби засекогаш.
– Една од асистентките постојано го предупредуваше докторот дека нивото на кислород кај пациентката опаѓа и не треба повеќе да се работи на нејзините заби. Но тој ја предупреди да престане да повторува и беше решен да заврши и со поставувањето на имплантите откако ги извади забите – вели помлад соработник на Пател.
Дури откако асистентите по втор пат алармирале да се повика брза помош бидејќи пациентката е во лоша состојба, Пател се согасил. Џуди била пренесена во болница каде по еден час починала.
И друг пациент на Пател во декември минатата година поминал 6 месеци во болница по зафатот кај д-р Пател.
На 18 јуни ќе биде одлучено дали на Пател ќе му биде одземена дозволата за работа или ќе биде прогласен за невин за смртта на пациентката.