Американец два дена „живеел“ во салон на „Икеа“

Од:

Американецот Харви Чемпајн два дена престојувал во продавница на „Икеа“, без да биде забележан од некој од вработените, објави порталот „Бро Бајбл“.

– Се најадов и решив да прошетам низ продавницата. Седнав на еден од изложените кревети малку да се одморам и заспав. Кога се разбудив продавницата беше затворена и во неа бев заклучен сам, раскажува Чемпајн.

Тој вели дека доколку „Икеа“ имала безбедносни сензори веројатно би го откриле и тогаш ќе морал да објаснува како се нашол во продавницата.

– Но, немаат сензори и јас започнав авантура. Бидејќи добро ми тргна, решив да проверам колку долго можам да останам во продавницата без да ме исфрлат, додава тој.

Следното утро кога се разбудил продавницата веќе била полна со вработени и купувачи.

– Се беше полно со напорни купувачи… Решив да отидам на појадок и кафе, а кога се вратив шетав низ продавницата и разговарав со луѓето. Потоа повторно заспав покриен со куп теписи, ја прераскажува Чемпајн својата авантура за „Бро Бајбл“.

Кога продавницата била затворена, тој повторно шетал, пиел вино што во текот на денот го украл од едно блиска продавница и потоа си одбрал удобен кревет на кој заспал.

Следниот ден се случувало истото, но веќе му здодеало, па решил да и стави крај на авантурата и си заминал дома.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас