Американците се сомневаат дека Иран запленил танкер на ОАЕ во Ормутскиот теснец

Од:

Неименуван американски претставник, задолжен за одбранбени прашања, за американските медиуми кажал дека „САД се сомневаат дека Иран веќе запленил танкер со нафта на компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати, на кој уште пред два дена му се исклучени уредите за следење во Ормутскиот теснец.

Овој функционер изјавил дека танкерот „МТ Риах“ се наоѓа во иранските територијални води, во близина на островот Кешм, на кој се наоѓа база на револуционерната гарда.

-Постои можност танкерот да е во дефект или некој да го влече. Тоа е можност. Но, што подолг временски период е без контакт, загриженоста е поголема, наведе изворот.

Тој додаде дека бродот допрва треба да контактира со сопствениците во ОАЕ.

Американскиот претставник изјавата ја дал под услов да ја задржи анонимноста, бидејќи ова грабнување директно не ги засега американските интереси.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји