Америка се заканува: Ако Русија нападне, ќе и ја осакатиме економијата

Од:

Висок претставник на Стејт Департментот денеска дообјаснува што сакал да каже претседателот Џо Бајден со изјавата дека Русија ќе има „брзи и тешки последици“ во случај на инвазија на Украина. Во изјава за „Би-би-си“ Дерек Шоле објаснува во кои два главни правци би одел американскиот одговор.

Првиот е воведување значајни санкции кои како што вели „би ја осакатиле“ руската економија. Вториот е засилување на НАТО силите на источните граници на сојузот како и дипломатска изолација кој би значела воено-стратешки чекор назад за Русија.

Зборувајќи за природата на можната руска инвазија на Украина, тој вели „Независно од начинот на кој би била изведена (воздушни напади, напад од копно), ако биде онаква како што претпоставуваме, последиците за Украина ќе бидат опасни.

Би можело да ве интересира

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД