Америка ќе депортира 240.000 Украинци од САД

Од:

Американската администрација планира да го отповика привремениот правен статус на 240.000 Украинци кои побегнале од војната во САД, објави Ројтерс.

Украинците најверојатно ќе бидат депортирани од Америка по забрзана постапка. Одлуката се очекува во април, а се подготвуваше уште пред вербалната пресметка меѓу Трамп и Зеленски во Овалната соба.

Оваа одлука е дел од пошироката акција на администрацијата на Трамп која има намера да го отповика правниот статус на повеќе од 1,8 милиони мигранти кои влегле во Соединетите Држави според хуманитарните програми на администрацијата на Бајден.

Администрацијата на Трамп планира да ги прекине овие програми, кои се однесуваат и на 530.000 имигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, веќе овој месец, според официјални лица од Вашингтон.

Мигрантите би можеле да бидат депортирани по забрзана постапка, како што се гледа во е-поштата на американската служба за имиграција и царина, до која Ројтерс исто така имал пристап.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Иран на ултиматумот на Трамп во 10 точки

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Истекува крајниот рок на Трамп за Иран да го отвори Ормутскиот теснец

Ги загубивме клучевите, Иран му одговори на Трамп на бесните закани на Ормутскиот теснец

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Пореметен лудак“, реакции од САД на пцуењето и заканите на Трамп кон Иран

ВИДЕО: Иран одговори на заканите на Трамп

ВИДЕО: Нов термин, вулгарни закани и измешани пораки – Трамп за Иран

Катерина Ѓуровски