Америка и Британија одлучија кого ќе поддржат како нов шеф на НАТО

Од:

Соединетите Американски Држави и Велика Британија денеска го поддржаа холандскиот премиер во заминување Марк Руте да го наследи Јенс Столтенберг на местото генерален секретар на НАТО, ставајќи го во силна позиција да ја преземе таа функција.

Наследникот на Столтенберг, откако ќе поднесе оставка во октомври, ќе ја преземе функцијата во клучен момент со задача да ја задржи поддршката на членките на НАТО за скапата одбрана на Украина од руска инвазија, истовремено чувајќи се од каква било ескалација што директно би го вовлечела Алијансата во војна со Москва.

„Претседателот Бајден силно ја поддржува кандидатурата на премиерот Руте за следен генерален секретар на НАТО. Премиерот Руте има длабоко разбирање за важноста на Алијансата, е природен лидер и комуникатор, а неговото водство добро би ѝ послужило на Алијансата во овој критичен момент. “, изјави еден американски функционер.

Во зависност од исходот на американските претседателски избори во ноември, следниот шеф на НАТО можеби ќе треба да се справи со втор мандат на Доналд Трамп, кој неодамна уште еднаш ја доведе во прашање неговата посветеност на одбраната на сојузниците во НАТО.

Трамп привлече жестоки критики од западните официјални лица на почетокот на овој месец затоа што сугерираше дека нема да ги заштити земјите кои не ги исполнуваат целите за одбранбени трошоци на Алијансата, па дури и ќе ја охрабрат Русија да ги нападне.

Би можело да ве интересира

„Невидена бруталност на рускиот режим“

Предраг Петровиќ

Марк Руте поднесе оставка, Кралот го прекина одморот

Руте: Ова е знак дека Путин е во паника

А1он

Руте: Се надеваме дека Скопје ќе го прифати францускиот предлог, ако не, Тирана сама да го продолжи патот

Петков и Руте разговараа за сите теми од дијалогот со ЕУ

А1он

Руте: Холандија не е подготвена да се откаже од руските извори на енергија

А1он