Амбасадата на САД на Куба повторно ќе издава визи

Од:

САД ќе го зголемат персоналот во својата Амбасада во Хавана и ќе почнат ограничено издавање на визи, по долгогодишно работење со намален број персонал, изјави денеска највисокиот дипломат на Американската амбасада на Куба, Тимоти Зуњига-Браун.

Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп го намали персоналот во Амбасадата во Хавана во 2017 година по необјаснети здравствени инциденти на персоналот и нивните семејства. Здравствените проблеми се познати како Хавана синдром.

Визите се издаваа во Гвајана, но за поголем број Кубанци трошоците за патување во друга земја за визи се превисоки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски