Компанијата „Амазон“ објави дека ќе снима и ќе снабдува со филмови кои првобитно ќе бидат наменети за кината, а потоа ќе ги дистрибуира на нејзините претплатници преку услугата „прајм инстант видео“.
Американскиот гигант во интернет-дистрибуција објасни дека филмовите кои ќе ги произведува ќе бидат достапни на неговата платформа во САД само четири до осум недели по појавувањето во кината.
Снимањето на филмовите ќе почне годинава, а независниот американски продуцент Тед Хоуп ќе биде ангажиран на ова уметничко остварување.