Алстон: Нивото на сиромаштија во Шпанија е загрижувачко

Од:

Експерти на ОН ја критикуваа Шпанија поради економската политика со која ги игнорира сиромашните, а ги фаворизира богатите.

Специјалниот известувач на ОН за екстремна сиромаштија и човекови права, Филип Алстон, денеска рече дека сиромаштијата во Шпанија е резултат на политичкиот избор.

Алстон истакна дека Шпанија постигнала економски напредок и оти БДП и платите се зголемени, но социјалните можности се нешто друго.

Шпанија, според сите социјални параметри, е или на дното или близу до дното, предупреди Алстон.

Тој ги претстави своите проценки и првични наоди пред јавноста, откако посети шест региони и оствари бројни средби со луѓе кои живеат во сиромаштија, претставници на граѓанскиот сектор, студенти и службени лица.

Индексот на ризик од сиромаштија на Шпанија се уште е над европскиот просек од 22 проценти и варира од 29 проценти во 2013 година до 26 проценти во 2017 година.

Иако стапката на економски раст во Шпанија е малку повисока од европскиот просек, стапката на невработеност е 14 проценти, што е двојно повеќе од просекот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени