Алeн Жипе бара транспарентност за француската интервенција во Мали

Од:

Поранешниот премиер и поранешен шеф на француската дипломатија Ален Жипе, бара транспарентност за француската воена интервенција во Мали против вооружените исламистички групи, јави дописникот на МИА од Париз.

– Сметам дека информациите за оваа француска интервенција се крајно умерени од страна на владата, изјави Жипе за француското радио Ер-те-ел.

За поранешниот премиер на Жак Ширак и поранешен министер за надворешни работи во времето на Франсоа Митеран и на Никола Саркози, извесен број на прашања остануваат без одговор, посебно околу политичката реконструкција на Мали.

– Што се случува во Бамако? Дали во моментов реконструираме вистински уставен поредок за да имаме вистински партнери на челото на Мали? Не сум сигурен, изјави тој.

Жипе исто така се прашува во кои услови се развиваат африканските сили кои се под надлежност на ОН за да ги заменат француските сили.

Според него, за сето ова има многу малку информации. Ален Жипе поставува исто така многу прашања за предвидените планови за северот на Мали, за кој добро се знае дека е поделен. Од една страна се џихадистите со кои нема што друго да се прави освен да се води борба со нив, но ги има и туарезите кои не ја поддржуваат оваа фанатична визија за исламот и сигурно бараат да ја потврдат автономијата на своето население. Затоа, смета Жипе е потребно да се контактираат претставниците на ова население.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз