Алексеј Навални тврди дека останал без пари поради замрзнување на сметките од руската Влада

Од:

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални тврди дека Владата ги замрзнала неговите банкарски сметки, како и сметките на неговата сопруга, двете деца и родителите.

Тој истакна дека биле замрзнати сметките и на директорот на неговата непрофитна Фондација за борба против корупцијата Иван Жданов, како и на членовите на семејството Жданов.

Навални верува дека тоа е направено како одмазда поради кампањата на неговата фондација, со која е откриена корупција во највисокиот ешалон на Владата.

„Што имаат моите родители, мојот син или таткото на директорот на Фондацијата со борбата на Фондацијата против корупцијата? Глупаво е дури и да се зборува за тоа“, истакна рускиот опозиционер.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков одби да коментира, наведувајќи само дека „Кремљ не се меша во банкарските сметки на граѓаните“.

Навални изјави дека неговата постара ќерка студира во САД и дека нема ниту еден цент, а неговите родители не можат да земат пензија.

Тој тврди дека нема готовина и дека целото негово семејство е оставено без пари.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски