Албанија и Бразил го укинаа визниот режим

Од:

Албанското Министерство за надворешни работи соопшти дека се укинува визниот режим меѓу Албанија и Бразил, јави дописникот на МИА.

– Одлуката е донесена по заокружувањето на потрбените законски процедури, во соработка со бразилската страна. На овој начин се овозможува реципрочно укинување на визите и за обичните албански и бразилски граѓани, стои во соопштението.

Како што се наведува во соопштението на овој начин државјаните на двете земји може слободно да се движат на територијата на Албанија и Бразил. Државјаните на двете земји може да престојуваат во Албанија, односно Бразил, најдолго 90 дена сметано од денот на влез во содветната држава.

Албанското Министертсво за надворшени работи искажува задоволство за оваа олеснителна околност со која на граѓаните им се дозволува слободно движење на териториите на двете држави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин